Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Денот на независноста на Република Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита големиот празник 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
„На 8 Септември 1991 година се остварува вековниот стремеж за создавање на независна и суверена Македонија. 29 години од најголемиот референдум во историјата на Македонија, со најголема излезност на граѓаните со право на глас и со над 95 проценти „за“ независна, самостојна и суверена Република Македонија.
Во ова време кога се соочуваме со негирање на идентитетот, јазикот и историјата нашата генерација има цел да го зачува македонскиот идентитет затоа што борбата за Македонија никогаш не запира. Додека сме соочени со пандемијата овој 8 Септември нека биде поттик заеднички и обединети да ги пребродиме сите предизвици пред кои сме исправени.
Народот треба да си ја врати државата назад, за да се оди кон светла иднина.
Наш аманет е да го негуваме вековниот сон на нашите предци и триумфот на вековната борба.
Посакуваме добро здравје, успеси, мир и добробит.
Нека ни е честита и вековита Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.