26/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Католички Божиќ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ, на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар.

„Божиќ – празник кој носи светлина и иднина. Христовото раѓање нека го осветли патот и нека го покаже вистинскиот правец во ова време-невреме.

Посакуваме убави празнични денови, здравјето пред сѐ, а стремежот насочен кон подобра иднина на Охрид и Република Македонија.

Христос се роди! Среќен Божиќ!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.