Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Католички Велигден
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.
„Славејќи го денот кога Исус Христос воскресна се слави духовното раѓање и прочистувањето. Празникот на Воскресението Христово е триумф на љубовта над омразата и вечна победа на животот над смртта. Во овие тешки моменти кога Република Македонија се соочува во борбата со страшниот непријател потребна е верба, храброст и доверба.
Нека празникот донесе победа над злото, духовен мир, искрена љубов, добро здравје и многу среќа.
Честит празник Воскресение Христово – Велигден!
Христос воскресе!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.