01/01/2025
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Католички Велигден

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

„Воскресението Христово е вечна победа на животот над смртта. Празник кој е симбол за бесконечната божја милост за човекот. Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон човештвото од Велигден.

Во овој тежок период на многу кризи потребно ни е заедништво и солидарност.

Да бидеме исправни пред себе и пред Бога!

Да бидеме чесни и праведни, да создаваме убави и позитивни дела за Охрид и Македонија!

Посакуваме мир, љубов, здравје и среќа.

Честит празник Воскресение Христово – Велигден!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 17.04.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид