Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите граѓани кои денеска го одбележуваат 24 јуни – Меѓународниот ден на балканските Египќани.
„Египќаните како составен дел од македонското општество со векови се дел од богататата историска и културна традиција во Охрид и Република Македонија.
Почитувањето на различностите и меѓусебното разбирање и почитување нека бидат главните водилки во обновата на нашата татковина.
Во овие тешки времиња да бидеме храбри и внимателни.
Ви посакуваме искрени желби за многу здравје, среќа и радости.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.