Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упатува искрени честитки до граѓаните припадници на Бошњачката заедница.
„Бошњачката заедница со својата традиција и култура се длабоко вкоренети во македонското општество.
Меѓусебната почит треба да се негува и почитува.
Само заедно може да постигнеме да направиме просперитетна иднина во Охрид и Македонија. Сите ја делиме истата судбина и ја чувствуваме лошата состојба на која мора да ѝ се стави крај.
Ви посакуваме искрени желби за здравје, љубов, успех и благосостојба.
Нека Ви е честит 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.