Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празниците Цветници и католички Велигден
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до православните верници по повод празникот Цветници како и до сите верници од католичка вероисповед за празникот Католички Велигден.
„Цветници претставувајќи го споменот на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим е симбол на мирот. Нека духовниот мир, хармонијата и љубовта бидат присутни во секој еден дом.
Велигден е симбол за победата на животот над смртта, на љубовта над омразата, на надежта над очајанието. Надежта и љубовта нека бидат присутни во домовите и секаде околу нашите граѓани.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!
Честити празници и за многу години!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.