Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 11 Октомври
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ. Делегација на Општинскиот Комитет се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето од НОБ во градскиот парк.
„11 Октомври е симбол на идеалот за Македонија и патриотизмот.
Оруженото востание против фашистичкиот окупатор е одек на хероизмот на македонскиот народ и борбата за независна и слободна Македонија.
Нека е вечен празникот 11 Октомври!
Нека е вечна Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 11.10.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид