Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 21 Декември – Ден на наставата на турски јазик
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија им го честита 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
„Мајчиниот јазик и националната мисла се најважни обележја и нераскинливи делови од идентитетот на секој народ.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид како носители на Локалната власт во градот преку почит и вреднување на разликите даваме значаен придонес за турската заедница како нераскинлив дел од Охрид.
Нека Ви е честит 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 21.12.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид