Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот 8 Март
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
„8 Март – симбол на рамноправноста, слободата и храброста на жената.
Македонската жена е зрак светлина, таа поттикнува и продира низ мрачните времиња на македонскиот народ кон посветла и подобра иднина.
Затоа жените со глас се силни жени, а само со успешни жени имаме силен Охрид и силна Македонија.
Среќен Осми март!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 08.03.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид