22/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Богојавление – Водици

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.

„Водици е празник на Божјото просветление. На Водици се случува осветување на богојавленската вода и полагање на крстот во водите. Исус Христос со крштевањето во водите на Јордан го очистува и го осветува извалканото човештво. Исусовото крштевање е поттик да ја следиме верата и да го негуваме покајанието.

Да го спознаеме Бог во Троица, за да станеме богопросветлени.

Да бидеме здрави и живи, вредни и трудољубиви за напредок на Охрид и Македонија.

Нека е за многу години празникот Богојавление – Водици!

Бог се јави!

Навистина се јави!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 19.01.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид