22/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот ПЕСАХ

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки за големиот празник ПЕСАХ до припадниците на еврејската заедница и еврејскиот народ во Република Македонија.

„Еврејскиот народ во овие денови на празникот го празнува и слави поклонението, но и непокорноста и желбата за својата слобода. Преку празнувањето се искажува цврстата врска со македонскиот народ. Еврејскиот народ секогаш ја има почитта, а антисемитските напади не се вистинскиот пат и одлика на македонскиот народ.

Во овие тешки денови на заразна пандемија да бидеме сите заедно сплотени, да победиме.

Ви посакаме многу среќа, љубов и здравје во овие празнични денови.

Нека ви е честит ПЕСАХ!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.