21/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот посветен на Свети Сава

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитики до припадниците на српската заедница по повод 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.

„Свети Сава, првиот српски архиепископ и деец, остава траен белег за српскиот народ и за христијанските народи на Балканот.

Охрид секогаш ги негувал културата и традицијата на српската заедница во Република Македонија.

Заедно учиме еден за друг и живееме еден со друг, наша одлика е меѓусебното почитување.

Само така заедно има да успееме во промените и подобрата иднина за сите.

Посакуваме здравје, мир, радост и благосостојба.

Нека е честит празникот!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


ВебОхрид / 27.01.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид