Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Рождество Христово – Божиќ
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до сите православни верници по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.
„Раѓањето Христово е нова надеж за подобро утре за секој човек, олицетворение на традиционалните вредности на милосрдие, разбирање и меѓусебно почитување. Животот често носи многу неволји, а пандемијата ни го покажа тоа како никогаш досега. Радоста којашто ја делиме со нашите најблиски е најголемиот благослов. Во ова време-невреме таа нека биде поттик да бидеме солидарни и хумани, да ги потврдиме патот на љубовта и патот за напредок на Охрид и Република Македонија. Нашиот духовен и национален идентитет да ги зацврстиме со мудрост и истрајност.
Посакуваме убави празнични денови исполнети со многу здравје, среќа и радост.
Нека е честит големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ!
Мир Божји!
Христос се роди!
Навистина се роди!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.