Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Свети Климент Охридски
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски положи свежо цвеќе пред споменикот на Патронот на градот и МПЦ-ОА.
„Свети Климент Охридски е нашето богато духовно и културно наследство кое ние како Македонци имаме завет да го чуваме и негуваме.
Свети Климент Охридски е нашата водилка во ова време-невреме кога ни се негира минатото, кога треба да си ги зачуваме идентитетот, јазикот и Македонија.
Нека е честит и вековит празникот!
Нека е вечно делото на Свети Климент Охридски!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 08.12.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид