Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Свети Наум Охридски
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки по повод празникот Свети Наум Охридски-Чудотворец.
„Името на Свети Наум – исцелител и просветител на македонскиот народ е извoр на чудoтвoрна сила и прибeжиштe на бoлнитe и страдалницитe без разлика на вера и народност.
Преку духовната светлина на Свети Наум уште повеќе се зацврстува нашиот идентитет и заедно со Свети Климент се едни од најмоќните столбови на нашето постоење.
Нека светлите подвизи верно нè просветуваат како големо сонце кое вечно свети.
Нека со скромност и љубов се надмине гревот и неговите последици за да се достигне светоста.
Нека ни е за многу години празникот Свети Наум Охридски.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.