Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Свети Сава
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на српската заедница им го честита 27 Јануари, празникот посветен на Свети Сава.
„Свети Сава – српски светец, просветител и државник оставил силни универзални вредности на балканските христијански народи.
Припадниците на српската заедница со својот јазик, култура и традиција се неотуѓив дел од Охрид и Република Македонија.
Честит празник!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.