Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица упатува искрени честитки со желби за многу среќа, радост и мир во душите на сите верници од православна вероисповед.
„Успение на Пресвета Богородица е празник на Мајката Божја која се појавува како подостојна од ангелите, почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите.
Богородица и во раѓањето си го сочувала девството, а по своето успение не го остава светот, туку се преселува во живот, Мајка на Животот која со нејзините молитви ги избавува од смртта душите на верниците.
Да ѝ се обратиме со искрена молитва на Пресвета Богородица, да ги отвориме нашите срца кон Мајката Божја и таа нема да нè остави.
Вознесувајќи ги своите мисли во небесните височини и исполнувајќи ги срцата со неискажлива радост да се приклучиме во празнувањето на овој свет ден со желби за заеднички напредок, почитување и разбирање на сите граѓани на Охрид и Република Македонија.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.