Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Рамазан Бајрам
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам.
„Празникот е радост за сите муслимански верници, вдахновение на љубовта, верноста и мирот.
Во Охрид и Република Македонија македонското мултирелигиско живеење има длабоки корени.
Пред сегашните премрежја и предизвици во борбата со невидливиот непријател КОВИД-19 да се обединиме како поттик и гордост за идните генерации.
Упатуваме искрени желби за радост и среќа, заедничка почит и меѓусебно разбирање.
Честит Рамазан Бајрам!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.