Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод Рамазан Бајрам
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на исламската вероисповед им упатува најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.
„Рамазан Бајрам е празник на солидарноста и ден за споделување на добриот збор со пријателите, повод за повеќе внимание на сиромашните, децата без родители и на осамените.
Празник на триумф на доброто над злото, на моралот над неморалот, на вистината над лагата, на достоинството над нечесноста, на божественото над сатанското.
Жедта и гладта за време на постот ја зајакнуваат грижата за човекот, но и чувството на мир, толеранција, хуманизам и солидарност.
Различните вери и почитувањето, негувањето на мирот и благосостојбата се од особен интерес за доброто на сите, за светла иднина на Охрид и за успешна Македонија.
Посакуваме добро здравје, радост и хармонија!
Честит Рамазан Бајрам!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид
WebOhrid / 02.05.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид