Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 11 Октомври
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струга упатува честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
„На 11 октомври 1941, Македонија тргна во борба против неправдата и злото наречени фашизам и нацизам.
Македонските херои желни за слобода, ја започнаа Народноослободителната борба во која безрезервно ги положија своите животи.
На овој ден се потсетуваме на нашите борци, кои ни оставија аманет, денес да ја зачуваме слободна и суверена Република Македонија.
За жал и нашиот пат е тежок и макотрпен, ама нашата љубов и почит кон татковината се поголеми од се!
Наша света должност е да ја сакаме и чуваме Република Македонија!
Затоа, да останеме верни на македонската традиција на соживот и почитување, да останеме достојни и горди Македонци!
Свои на своето!
Нека ни е честит 11 Октомври, Денот на народното востание!
Да живее слободна Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.