Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Струга
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, на сите граѓани им ги честита големиот христијански празник Свети Димитрија – Митровден и 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Струга од фашистичкиот окупатор.
„На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од фашистите.
Никогаш нема да ја заборавиме вашата визија и аманет за силна, стабилна и слободна Република Македонија!
Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.