Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод Денот на независноста на Република Македонија
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
„8 Септември, 1991 година е датумот кога се оствари долговековниот македонски сон.
Датум кога македонскиот народ масовно излезе на Референдум и гласаше за независна и суверена Република Македонија. Тоа е реалноста за која се бореле Македонците низ вековите, тоа е вечниот стремеж на нашите предци, но и аманетот до нас и нашите потомци.
Оттогаш изминаа 29 години во внатрешни превирања во кои еве, за жал, сведоци сме на оспорувања на нашиот национален идентитет, историја и култура. Но не треба сега да се запре, туку напротив, борбата за Македонија треба да се води уште посилно и поенергично!
Секоја генерација Македонци се соочува со проблеми и води свои битки, а ние, токму сега како никогаш досега, треба да се сплотиме и да се избориме за нашиот национален идентитет, за економски стабилна држава, за младите, да не заминуваат, туку овде, на својата родна грутка да ја остварат својата иднина и да изградат семејства.
На нас останува, да извојуваме победа за нашата Македонија!
Време е да докажеме дека сакаме да живееме во просперитетна Република Македонија!
Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!
Нека ни е вековита Република Македонија!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.