23/11/2024
Струга

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга по повод Нова година

„Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Струга на сите граѓани на Република Македонија им ја честита Новата 2021 година!

Изминатата година беше тест за цело човештво, но најважното што го научивме е дека среќата е во малите нешта!

Во Новата година да зачекориме храбро и решително, нека домовите ни бидат исполнети со здравје, љубов, среќа, бериќет и благосостојба!

Ви посакуваме успех на сите полиња и најважното да си подаваме рака едни на други секогаш и секаде!

Среќна Нова 2021 година!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.