Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Март
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената.
„Осми март е поврзан со храброста на жената како столб на целокупното општество. Жените успеваат да ги подигнат љубовта и убавината до религиите и мудроста. Визијата за успех и стремежот за чиста мисла нека бидат главни водилки на сите жени кон светла иднина на Македонија.
Нека насмевката на вашето лице биде најубавиот подарок за вашите најблиски.
Среќен Осми март!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.