26/11/2024
Охрид

Честитка од Здружението „Титоисти“ по повод 1ви Мај

„По повод 1-ви Мај, Меѓународниот празник на трудот, во име на здружението на граѓани “Титоисти”, упатуваме најискрени честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и на сите граѓани на Република Македонија!

Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права, и на изразувањето работничка солидарност. Денес, за жал, голем број граѓани не можат да го остварат едно од нивните основни права, правото на работа!

Поради тоа, 1-ви Мај силно не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за промена на таквата состојба, затоа што правото на работа и правото на живот од неа, не се само цивилизациска придобивка туку и императив за залагање на целата заедница за нивно остварување!

Искрено ви посакуваме овој празник да го поминете во ведро расположение, во кругот на вашите семејства и пријатели. Исто така, ви посакуваме многу успеси во животот и во работата, со настојување со заеднички сили да изградиме подобар и поубав Охрид и перспективна Македонија, каде што секој поединец ќе има подеднакви можности да живее од својата чесна и посветена работа!“ – стои во честитката од Здружението „Титоисти“.