22/11/2024
Охрид

Честитка од Здружението „Титоисти“ за 29ти ноември

Здружението „Титоисти“, Охрид испрати честика по повод 29ти Ноември, Денот на фашизмот. Во неа стои:

„Дозволете денес да се навратиме на еден од најзначајните датуми кој е силно врежан во колективната свест на Македонскиот народ, 29-ти Ноември, кога во 1943 година, во градот Јајце во Босна и Херцеговина, на Второто Заседание на АВНОЈ, беа удрени темелите на модерната Југословенска Федерација, во чии рамки Македонија конечно го реализираше долговековниот сон и стремеж на илјадници млади луѓе, борци и идеолози, да стане современа држава со сите нишани, со сопствен јазик и идентитет.”

На овој ден беше формирана државата на безброј генерации, сведоци на едно поубаво, помирно и посреќно време, во кое имаше подеднаков развој и правда за секоја индивидуа во кое работничкиот труд се почитуваше и беше алфа и омега на државното уредување. Тоа беа децении во кои човечкото достоинство немаше цена, и во кои државата се градеше беспоштедно и неиспрекинато.

Драги Охриѓани, од нас зависи дали денешниот светол датум на поколенијата после нас ќе им биде само бледо сеќавање на една земја која постоела повеќе од 50 децении, и на чија сигурна и светла иднина и пресудија некои други, посилни фактори од човечката желба за мир, стабилност и просперитет, или приказната за неа ќе продолжи да се шири, но не како потсетник на крвопролевањата и на омразата со која се задоија нејзините наследници, туку како пример дека почитта кон различностите, мирољубивоста и подадената рака треба да бидат единствени патокази кон сигурна иднина.

Ние мораме да бидеме силни и цврсти потсетници на времето во кое нашата земја Македонија ги изгради своите цврсти општествени темели, за таква да ја предадеме на секој оној кој што ќе дојде по нас.

Честит 29-ти Ноември, ден на Републиката.“- стои во честитката.