Честитка по повод католички Велигден
По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.
Драги сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и семејна среќа. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.
Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.
Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
Честитајќи ви го овој голем христијански празник ви посакувам добро здравје, среќа и духовен мир.