24/11/2024
Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик,  упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат денот на христовото раѓање, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

Почитувани сограѓани,

Имам особено задоволство и чест да ви го честитам големиот христијански празник – Божик и да ви посакам празникот на Христовото Раѓање да го поминете пред сѐ во добро здравје, во радост и во среќа.

Празникот на Христовото Раѓање, Божик, нѐ потсетува дека мирот и радоста, љубовта и заедништвото, разбирањето и дарувањето се наши најголеми вредности. Да продолжиме безрезервно да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните, градејќи хармонија во домот, заедницата и во целото општество.

Нека големиот празник нѝ даде дополнителна енергија да се соочиме со сите неволји и искушенија и нека нѐ инспирира на благородност, добродетелство, солидарност и заедништво. Со искрена верба и со длабока самодоверба да креираме успех и благосостојба.

Христос се роди!