Четири лица загинаа во сообраќајка на патот Охрид – Ресен
На 06.05.2018 година околу 16:30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен кај место викано “Рибник“ кај с.Крушје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистерски таблици управувано од М.Р.(67) од Битола, патничко моторно возило „Ауди А4“ со битолски регистерски таблици управувано од С.Н. (34) од с.Вашарејва и патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистерски таблици управувано од И.Т.(27) од с.Лескоец-охридско.
Во незгодата од здобиените повреди на самото место починале возачот М.Р. и сопатничката во неговото возило М.Р.(65) од Битола, како и Д.С.(59) и Ц.С.(53) од с.Трновци, двајцата сопатници во патничкото возило “Ауди“. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Ресен, додека возачот на “аудито“ С.Н била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидни екипи од Полициската станица Ресен и Полициската станица Битола. Телата на починатите биле пренесени во Клиничката Болница во Битола за обдукција. Сообраќајот бил во прекин од 17.00 до 20.30 часот. Се работи на целосно расчистување на случајот.