15/09/2024
Струга

Четиримесечно бебе донесено без знаци на живот во Општата болница во Струга

На 06.08.2024 во 22:43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот.

Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, врз телото ќе биде извршена обдукција.


WebOhrid / 07.08.2024 / СВР Охрид