Четврта седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид
Се оддржа четвртатат седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид. Согласно, Деловникот за работа на Локалното собрание на млади на избраните членови на Локалниот младински совет им престана мандатот во Локалното собрание на млади а на предлог на оранизациите кои нив ги предложиле беа верифицирани мандатите на новите делегати и заменици делегати на Локалното собрание на млади на општина Охрид. За нов претседавач со Локалното собрание на млади е избрана Јована Ристеска претставник на училишната заедница при СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид. За секретар на Локалното собрание на млади е избрана Анастасија Стојаноска претставник на ОО „Црвен крст„ Охрид.
Во прилог дневниот ред од денешната седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид.
ДНЕВЕН РЕД
ЗА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД
11.06.2021 (петок), 10.00 часот, Голема сала на Советот на општина Охрид
- Избор на записничар на Локалното собрание на млади на општина Охрид,
- Усвојување на записникот од третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Одлука за престанок на мандатот на членови во Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Одлука за престанок на мандатот на Претседавачот на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на верификациона комисија;
- Усвојување на извештајот на верификационата комисија за верификација на мандатот на новите членови на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на изборна комисија која ќе го спроведе изборот за Претседавач на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Избор на Претседавач на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
- Разно