Четвртоодделенците во посета на Општина Охрид
Четвртоодделенците од основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги прими градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот, Александар Китески.
Учениците со интерес ги слушаа одговорите на градоначалникот и секретарот за работата и начинот на функционирање на локалната власт.
Посетата во општината е дел од предвидената наставна програма за основците.
WebOhrid / 05.11.2024 / Општина Охрид