Членови на Ротаракт Клубот од Охрид во посета на детската градинка „Билјана“
По повод 21-ви март, денот на пролетта, членови на Ротаракт Клубот од Охрид денес беа во посета на децата од детската градинка „Јасна Ристеска“, клон „Билјана“.
При посетата беа донирани блокчиња, боички и останат прибор за цртање, преку кои дечињата уште еднаш ја покажаа својата чиста душа, бескрајна фантазија и креативност, цртајќи мотиви за магијата на најубавото годишно време, кога се буди животот во природата. Вештите детски рачиња твореа под мотото: „Од детската рака, за пролетта“.
Активностите на Ротаракт Клубот од Охрид во насока на подобрување на квалитетот на престојот на децата во градинката ќе продолжат и во наредниот период, до крајот на годината.