Cloud технологиите најефективен бизнис концепт за организирана и безбедна ИТ инфраструктура
Cloud технологиите претставуваат еволуција во ИТ светот и одговор на сѐ поголемите барања на бизнис заедницата која постојано е заинтересирана за нова, добро организирана и безбедна ИТ инфраструктура. Cloud како еден од главните ИТ трендови, денес е сѐ повеќе присутен и овозможува една нова употреба на информациската технологија.
Идејата на cloud се заснова на тоа сите податоци кои се неопходни на корисникот (без разлика дали се апликации, документи, софтвер и др.) да бидат достапни секаде и во секој момент, со предуслов да има воспоставена конекција (интернет или директна) со дата центрите на Cloud провајдерот.
Оваа услуга нуди неограничени количини на сите ресурси (хард диск, процесор, меморија, апликации, итн.) тогаш кога навистина му се потребни на корисникот во онаа мера која одговара на неговите потреби, на начин на кој може самостојно да ги контролира. Со оглед на тоа што корисникот не е сопственик на инфраструктурата, автоматски не е ни должен да ја одржува. Тој всушност, плаќа за изнајмување на услугите и оние ресурси кои му се потребни.
Денес во светот постојат многу глобални cloud computing провајдери, меѓу кои и еден од најдобрите – Microsoft Azure. Што претставува Azure? Накратко, Аzure е Мајкрософт платформа за cloud и компјутерска инфраструктура наменета за развој, примена и управување со апликации и сервери низ глобалната Мајкрософт мрежа на центрите за чување податоци. Предноста на Microsoft Azure е што дозволува да платите онолку ресурси колку што вашата апликација навистина користи, а сервисот дозволува да ја хостирате својата апликација во cloud така што не мора да купувате и да одржувате свои сервери.
Според Гоце Аргиров, Мајкрософт сертифициран тренер во Семос Едукација, со имплементација на Azure се добива модерна ИТ инфрастуктура која може со минимални инвестиции да одговори брзо на моменталните потреби на компанијата: „Cloud технологиите земаат голем замав во светот, речиси и да нема компанија во високоразвиените земји која не користи некој модел на Cloud computing за своите бизнис-критични сервиси. Она што е интересно е дека компаниите сѐ повеќе своите сервиси ги мигрираат на Cloud. Ова е јасен показател каде ќе се движат работите во иднина и колкав е капацитетот на она што го нарекуваме Cloud. Во Македонија сѐ уште не сме дојдени до тој степен, компаниите срамежливо чекорат кон Cloud, но дефинитивно овој процес е започнат. Дел од поголемите компаниии кај нас веќе имаат мигрирано некој сервис во Cloud. Јас сум сигурен дека наскоро овој процес ќе се интензивира, а со тоа ќе се зголеми и потребата од кадар кој има знаење како да го постави, управува и одржува.“ – вели Гоце Аргиров.
Семос Едукација е Microsoft Gold Partner години наназад, каде се одржуваат сертифицирани курсеви за Azure: „Курсевите за Microsoft Azure може да ги посетува секој кој поседува основни ИТ вештини. За почетниот курс Microsoft Azure Fundamentals слушателот дури и да нема никакви познавања од Azure или било кој друг вендор кој што нуди cloud сервиси, не би имал проблем да ја следи наставата. За наредниот курс Implementing Microsoft Azure Infrastructure Solutions целна група се IT Pro ориентирани професионалци кои треба да имаат основни предзнаења од Azure сервисите, и се навлегува подлабоко во технологиите и можностите кои ги нуди Azure. Зависно од посетуваниот курс и нивото на сертификација, студентот може да се квалификува за работните позиции Cloud администратор, Cloud архитект, специјалист за компјутерска поддршка и аналитичар за безедноста на информациите.“ – додаде Гоце Аргиров.
Cloud computing технологијата зема замав во последниве неколку години, а иновацијата се зголемува со огромна брзина. Cloud computing започна како начин за апстракција на физичката инфраструктура, а следната генерација ќе се фокусира на апстракција на виртуелната инфраструктура и оперативните процеси кои одат заедно со управувањето на истата. Комплексните технологии, како што се машинското учење, ќе станат лесни а компаниите ќе го искористат ова како основа за добивање на критични анализи. Овие технологии дефинитивно ќе ги трансформираат индустриите и бизнис-моделите.