Црвен картон за Стефан Ристовски
Стефан Ристовски заработи црвен картон на синоќешниот натпревар помеѓу Сетубал и Спортинг. Во 54 минута, во еден воздушен дуел Ристовски беше фаулиран, но тоа не го забележа судијата. Ристовски изреволтиран протестираше и плукна кон судијата, кој веднаш му покажа црвен картон.
Сетубал водеше со 1:0 уште од 23 минута. Иако со играч помалку, неговиот тим сепак успеа да изедначи на 1:1 до крајот на натпреварот.
WebOhrid