Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција
Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 30.07.2019 (вторник) во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија во периодот од 10:00 до 13:00 часот.
Се покануваат нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.