08/09/2024
Охрид

Црвен крст Охрид продолжува со активности за превенција и заштита од топлотниот бран

Во овие жешки летни денови, Црвен крст Охрид продолжува со активности за превенција и заштита од топлотниот бран. Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.

„Акцијата ја помогнаа маркети Тамаро, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.

Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.“ – истакнуваат од Црвениот крст Охрид.


WebOhrid / 22.06.2024 / Црвен крст Охрид