22/11/2024
Охрид

Црвен крст Охрид утре организира крводарителска акција

Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26.06.2018 (вторник) во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија во периодот од 9:00 до 13:00 часот.

Црвениот крст Охрид ги поканува нашите сограѓани кои сакаат да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција.