ЦУК: До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, град, грмежи, ветер и електрични празнења
Охридско-струшкиот регион беше зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Правец на движење на нестабилната облачна маса е од југозапад кон североисток.
До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
WebOhrid / 24.06.2023 / ЦУК