26/11/2024
Охрид

Чулческа: Бројни проекти за подобра иднина на жителите на Лескоец и Косел

„Изградба на спортска сала, реконструкција на подрачното училиште и бројни проекти за подобра иднина на жителите на Лескоец и Косел.“ – истакна Благородна Чулческа, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

„За потребите на жителите на Лескоец и Косел, за спортските клубови и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески” и реконструкција на подрачното училиште во Косел.

Изградбата на атмосферска канализација е од витално значење, бидејќи овозможува собирање и одведување на атмосферските води, заштита на јавното здравје (епидемии од загадена вода), но и за нормалниот пешачки, автомобилски и секаков друг вид урбан сообраќај.

Се обврзуваме да изградиме тука, во Лескоец атмосферска канализација и изградба на канализациона мрежа.

Асфалтирањето и одржувањето на главни и споредни улици има да биде наша континуирана задача, бидејќи имиџот на градот ни е најважен. Во периодот што следува наш приоритет е асфалтирање на улиците во Лескоец и Косел.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!“ – истакна Чулческа.