Цвеќе во чест на Андон Дуков
Општина Охрид со пригодна свеченост денеска ја одбележа годишнината од смртта на Андон Дуков.
Во рамки на свеченоста беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на овој истакнат охриѓанец, кое се наоѓа во градскиот плоштад, а пред присутните се обрати Гоце Георгиески, претседател на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебарца.
Андон Дуков резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во гимназијата во Врање.
Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. На 27-ми ноември 1941 година е осуден во отсуство на 12 и пол години затвор. Според историските податоци, починал од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.