Цвеќе во чест на Григор Прличев
Во рамки на празнувањата по повод одбележување на годишнината од смртта на Григор Прличев делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа панихида на вечното почивалиште на великанот. Општинската делегација положи цвеќе и се поклони пред спомен бистата на великанот и пред градската библиотека.