22/11/2024
Охрид

Цветни балкони – Цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти Јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид “

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

  • „Момчило Јорданоски“,
  • „Марко Цепенков“ од пресекот кај Стобекс до кружниот тек кај болницата,
  • „Вангел Николоски“,
  • „Дебарца“,
  • „Александар Гушо“,
  • „Трајче Дојчиноски“,
  • „1-ви Мај“,
  • Населба Рача
  • Населба Горно и Долно Коњско
  • с. Пештани

Акцијата ќе се реализира на 03 јуни(четврток) и 04 јуни (петок) 2021г.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП  „Охридски Комуналец“ Охрид на  03 јуни (четврток) и 04 јуни (петок) 2021г. од 9:00 до 13:00 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

Се упатува апел за задолжително почитување на марките за  заштита од КОВИД-19 односно носење заштитни  маски и држење растојание од 2 метри.