18/10/2024
Охрид

Цветни балкони – цветен Охрид

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „ Цветни балкони – Цветен Охрид “.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

  • улица: “Радојца Новичиќ“,
  • улица: “130“,
  • улица: “28 Април“

Акцијата ќе се реализира на 05 јуни (среда) и 06 јуни (четврток) 2024 год.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид  на 05 јуни (среда) и 06 јуни (четврток) 2024 година, од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.


WebOhrid / 03.06.2024 / Општина Охрид