„Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ средба на СВР и РСБСП со првачињата од ОУ „Христо Узунов“
Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП, во рамки на превентивните активности „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, денеска (09.09.2022) реализираа едукативно-информативна средба со учениците во прво одделение од основното училиште „Христо Узунов“ во Охрид.
Притоа, полициските службеници, со најмладите одржаа интерактивен сообраќаен час на отворено, со изнесување корисни информации за нивната безбедност во сообраќајот, за потребата од внимателност при движењето од домот кон училиштето и обратно и почитувањето на сообраќајните знаци.
Исто така, во разговори со возачите на моторни возила беше потенцирана потребата од повнимателно управување со возилата во близина на училишта заради заштита на децата како учесници во сообраќајот.
На најмладите им беа подарени сообраќајни боенки и друг сообраќаен едукативен материјал.
WebOhrid / 09.09.2022 / СВР Охрид