Да се отстранат хаварисаните возила од јавните површини
Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба, на трошок на сопствениците.
Воедно се упатува апел до сите охриѓани да испраќаат фотографии од хаварисани возила оставени на јавни површини на адреса inspektorat@ohrid.gov.mk со цел истите да бидат отстранети од комуналните служби при општина Охрид.