22/11/2024
Спорт

Данило Брестовац нов селектор на машката ракометна репрезентација

Тренерот на РК Металург Данило Брестовац, денеска на прес-конференцијата што се одржа во Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија.

Данило Брестовац до јуни паралелно ќе извршува две функции – тренер на Металург и селектор на кадетите и сениорите. Тој вели дека е подготвен за новиот предизвик кој доаѓа во вистинско време.

„Благодарност до претедателот и до комисијата која одговори позитивно на мојата кандидатура. Сето тоа што го имам зад себе ми дава за право да се надевам на остварување на мојот сон. Имам соработка со РФМ подолго време, мислам дека за мене е нормално да се нафатам на овој предизвик, иако во разговорите со мои блиски, некои  ми сугерираа дека не ми е време. Мислам дека не ми е рано. Со некои од момците сум играл, некои сум ги тренирал, па полесно ќе ја направам фузијата на играчите што се во заминување и оние во доаѓање. За краток период ќе го формирам и мојот стручен штаб“, вели Брестовац.

прес конференција

Данило Брстовац ќе дебитира на клупата на Македонската репрезентација на 10 април во Рејкјавик, на првиот од двата натпревари против Исланд во рамки на Квалификациите за ЕП 2020 година. Втората средба против Исланд ќе се игра само четири дена подоцна, на 14 април, во Скопје.