23/11/2024
Охрид

Дарко Малукоски го фати светиот крст во Велестово

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места.

16-годишниот Дарко Малукоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 20-мината скокачи.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

За многу години!