26/11/2024
Охрид

Дебата „Каков градоначалник сакаат Охриѓани?“

За прв пат во пресрет на локалните избори во Охрид се организира отворена дебата на тема “Каков градоначалник сакаат Охриѓани?”.

Граѓанските здруженија и политичарите заеднички ќе ги детектираат проблемите и предизвиците на градот, со цел да се слушне гласот на граѓанскиот сектор и на обичниот граѓанин.

На дебатата ќе се говори за проблемите во сите сфери: туризам, угостителство, урбанизам, животна средина, комунален развој, концесионери на плажите проблемот со кучињата, безбедност, образование, бизнис и економија.

Настанот ќе се одржи во сабота, 02/03/2019 година во 13:00 часот, во големата сала на општина Охрид.